еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација, информираат од Министерството за здравство.

“Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6  позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 119 случаи на Ковид-19 од 2.065 тестирања, половината од Скопје

Починаа пет пациенти од Ковид-19, најмладата има 46 години

Убава вест: 297 оздравени пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

5 лица хоспитализирани, 7 имале претходни заболувања, детали за новозаразените со коронавирусот

Редакција

Уставниот суд одржа подготвителна седница за Законот за Договорот од Преспа и за Законот за употреба на јазиците 

Редакција

Притвор и за лицето кое го возеше Палевски од Србија до Турција, адвокатот засега останува на слобода

Редакција