На денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ на кое се изведуваат материјални докази на Обвинителството, бизнисменот Ардијан Амзоски од фирмата „Дрим билдинг“, истакна дека бара отштета од 195.000 евра.
„Сакам да се приклучам кон кривичното гонење во предметот и пријавувам побарување за штета од 195.000 евра“, рече на судењето Амзоски.
Во овој случајот „Меѓународен сојуз“ обвинети се Бојан Јовановски-Боки 13 и неговиот татко Миле, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, Христина Блажевска, Фросина Ременски.
Според обвинението, бизнисмените Амзоски и Силјан Мицевски биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле околу еден милион евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ременски со видеоснимки ќе го оспорува претресот во нејзиниот дом за предметот „Меѓународен сојуз“
Фото: Боки13/Инстаграм