Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 5 починати лица од Ковид-19: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г).
Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година.
Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 62г до 69г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Вкупниот број на починати е 7.904.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: 156 оздравени од Ковид-19
Нови 280 случаи на Ковид-19 од 3.929 тестирања
Фото: МЗ