еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни дојави за бомби и денеска во три основни училишта во Скопје

Лажни дојави за бомби упатени се изутрината на електронска пошта на три скопски основни училишта.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата во скопско кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Денеска (02.12.2022) околу 07.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, известуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има осомничени лица за дојавите за бомби во скопските училишта, вели Спасовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Заев на гала-вечера на која се обрати Мицотакис во рамки на конференцијата на „Економист“

Редакција

Нов претседател на Судскиот совет ќе се избира на 2 мај со присуство на сите членови

Редакција

Бугарскиот европратеник им пиша европратениците поради македонската Резолуција

Редакција