еМагазин
Image default
Македонија

Владата нуди комбиниран модел на настава на почетокот на школската година

Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, посочи министерката за образование и наука Мила Царовска по двата одделни состаноци со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, но и со Иницијативата на родителите кои што бараат отворање на училиштата.

-За таа цел е формирана Комисија од Владата којашто ќе утврдува дали се исполнети условите во училиштата, рече Царовска на работниот состанок.

Царовска, информираат од МОН, посочи дека сепак во објектите кои не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн платформа. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава.

На состанокот, средношколците побараа да бидат вклучени како рамноправен партнер во сите политики коишто се однесуваат на младите и учениците. На средбата беше донесен заеднички заклучок дека продолжува соработката и дијалогот меѓу средношколците, наставниците, родителите, Министерството за образование и наука и другите институции, со цел да се најде најдоброто решение за наставата и образовните процеси во услови кога земјата се соочува со пандемија.

Претставниците на Иницијативата на родители изразија задоволство што Владата нуди комбиниран модел за започнување на учебната 2020/2021 година.

Средношколскиот сојуз попладнево протестираше за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Протестот почна пред Министерството за образование и наука и оттаму продолжи кон Владата пред која имаше обраќање на средношколци. Тие носеа транспаренти „Стоп за неквалитетно онлајн образование“, „Владата онлајн, учениците офлајн“, „Назад во клупа“, „Сакаме подобро образование“, „Ништо за нас без нас“…

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција

237 нови случаи на Ковид-19 од 1.525 тестирања, најмногу во Скопје 123

Редакција

Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба, ќе трае 30 дена

Редакција