Музичарот Џамбо Агушев стана татко по третпат, му се роди втора ќерка.
Во бракот со Асена имаат и син. Среќната вест Џамбо ја сподели на својот фејсбук-профил.
„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелина се роди. Добредојде во нашето семејство, моја убава ќерко!“, напиша Џамбо.
Оваа радост во семејството Агушеви доаѓа откако пред десетина дена, неговиот албум „Brasses for the masses“ ја освои наградата German Records Critics Award како најдобар албум во категоријата World Music за 2020 година.
Фото: Фејсбук-Агушев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.