еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 бил итно опериран во градската болница по воспаление на желудникот

Бојан Јовановски-Боки 13, првостепено осуден во случајот „Рекет“ бил примен во болницата за хируршки болести „Св. Наум“ (поранешна Градска болница) и врз него е извршен итен оперативен зафат, потврди за Фокус директорот на болницата, Љубен Арсенков.

Како што вели за Фокус, доктор Арсенков, Јовановски е примен синоќа околу 19 часот како итен случај и по извршените испитувања веднаш е упатен кон операциона сала.

Боки 13 бил пренесен во болницата по воспаление на желудникот, за што во повеќе наврати се жалеше во текот на судскиот процес.

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за предметот „Таргет – Тврдина“, поради кој Мијалков заврши во притвор

Редакција

Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи

Редакција

Никој не побра од нас, сами се понудивме да прифатиме цивили од Авганистан, вели Заев

Редакција