еМагазин
Image default
Македонија

Пендаровски: Секое прекројување на гранците на Балканот ќе донесе дестабилизација на регионот

Секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот и секоја таква идеја нема да наиде на поддршка од Европската унија, вели претседателот Стево Пендаровски за наводниот нон-пејпер што словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку други дестинации во ЕУ под наслов „Западен Балкан-патот напред“.

Шефот на државата во изјава за „Трилинг“ на ТВ24, истакнува дека независно од тоа дали постои таков документ или не, неговиот став е одамна познат и многу пати кажуван, а тој е дека секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот.

– Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство, наведува Пендаровски.

Тој тврди и дека никогаш не разговарал со претседателот на Словенија, Борут Пахор за прекројување на границите на Балканот.

– На ниту една од средбите кои сум ги имал со претседателот на Словенија Борут Пахор во изминатиот период, не е разговарано за прекројување на внатрешните или надворешните граници на Балканот, дециден е претседател Пендаровски.

За нон-пејперот, во кој според словенечките медиуми, се предлага менување на границите на Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, но и на Северна Македонија, во средата се огласи Еропската комисија.

– Позицијата на ЕУ е многу јасна и нема ништо што треба да се промени. Треба да работиме на регионална соработка и помирување. Тоа е идејата и логиката на пристапниот процес – обид да се решат сите прашања, така што процесот не оди во опасни области, придржувајќи се кон европските закони и принципи, изјави портпаролот на ЕК, Петер Стано, без да потврди дали во Брисел стигнал таков нон-пејпер од Љубљана.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, пак, по обелоденувањето на информациите за нон-пејперот во медиумите, демантираше дека изработил таков документ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германскиот државен секретар за Европа, Рот: Цртањето нови граници на Западен Балкан е опасен пат

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прифатено обвинението за „Рекет“: Наскоро ќе биде закажано првото рочиште

Редакција

СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори

Редакција

Македонските државјани ќе бидат евакуирани од Газа по отворање на граничниот премин со Египет

Редакција