еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори

Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори, информираше на Фејсбук, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

“Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба.

Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори“, напиша Заев.

Фото: Заев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 20 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.550

Редакција

Општина Струга вработува 30 лица, плата до 30.076 денари

Редакција

(Фото) Од Африка во Скопје пристигна потполковникот заразен со Ковид-19

Редакција