еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од куќен притвор, Боки 13 спроведен во затворот во Идризово

Бојан Јовановски – Боки 13 вчера околу 15 часот е спроведен во затворот во Идризово, каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, потврди за МИА директорот на Казнено-поправната установа „Идризово“, Јовица Стојановиќ.

Јовановски беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд во Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и на јавниот обвинител во предметот, во јавноста познат како „Рекет“, и првостепената пресуда ја потврди во целост.

Наредбата Јовановски да биде префрлен во Идризово ја издаде судија за извршување санкции од Кривичниот суд, откако до Судот пристигнала одлуката на Апелација со која се потврдуваат казните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет“: Девет години затвор за Боки 13, седум за Јанева

Русковска го повика Боки 13, доказите против неа за пристрасно работење за случајот „Меѓународен сојуз“, да ги достави до Јовески

Боки 13 на денешното судење изјави дека Русковска бришела податоци од неговиот мобилен телефон и побара нејзино изземање од случајот „Меѓународен сојуз“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на МВР за набавка на екстра лесно гориво вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Спасовски: „Рекет“ ќе се расчисти докрај и секој што е инволвиран ќе одговара

Редакција

Ако се заразите со коронавирусот во Црна Гора, лекувањето е на сметка на државата

Редакција