еМагазин
Image default
Бизнис

Жито Караорман со добивка во првите шест месеци

Во периодот од 01.01.2021 година до 30.06.2021 година, МПИ Жито Караорман АД – Кичево има остварено добивка од 122 илјади денари, додека во истиот период од претходната година добивката беше 5.623 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“За шесте месеци од оваа година остварени се вкупни приходи во износ од 35.310 илјади денари и во однос на лани за истиот период се зголемени за 1,16 %. Вкупните приходи се остварени од домашен пазар.

Расходите за овие шест месеци оваа година изнесуваат 35.188 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се зголемени за 20,17%. Зголемувањето на приходите е поголемо  за 19.01% во однос на зголемувањето или на трошоците.

Зголемувањето  на расходите во овој период најмногу е резултат на зголемената цена на нафтата (над 25%) како основен и најголем трошок во процесот на производство, во однос на истиот период лани“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намалена добивката на „Жито Караорман“

Македонската берза јавно ги опомена ДС Смитх, РЖ Институт и Жито Караорман

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кое од министерствата потрошило најмногу пари за автомобили, „мерцедес“ не купило само МВР

Редакција

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО со 12 милиони евра убедливо на врвот

Редакција

Адора: Речиси една година апелираме кон изнаоѓање решение на проблемот и нема да сме пречка во греењето, бидејќи граѓаните не се виновни за системските пропусти

Редакција