еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Русковска го повика Боки 13, доказите против неа за пристрасно работење за случајот „Меѓународен сојуз“, да ги достави до Јовески

Обвинителката Вилма Русковска го повика Бојан Јовановски-Боки 13, ако има докази дека таа пристрасно работела тоа да го пријави во државното Јавно обвинителство.

„Ако има докази дека сум постапувала спротивно на закон, нека ги достави до јавниот обвинител, Љубомор Јовевски,“ изјави Русковска за „Сител“.

Боки 13 и Фросина Ременски обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“ денеска побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска. Според образложението на Јовановски, барањето за изземање на обвинителката е поради новонастанати околности, односно по обработката на дел од податоците од неговиот мобилен телефон кој судот му го вратил.

Според Боки 13 обработени се околу стотина илјади податоци од еден милион и двеста и четириесет илјади колку што имало во мобилниот или 286 фајлови. Тој му укажа на судот дека наишол на бришени податоци во неговиот мобилен, но ќе направи напори преку ИТ алатки да ја врати содржината за што судот ќе добие целосно извештај како ќе се изврши тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 на денешното судење изјави дека Русковска бришела податоци од неговиот мобилен телефон и побара нејзино изземање од случајот „Меѓународен сојуз“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Чашка со указ побарал „Грин Пауер“ да го напушти планинарскиот дом Папрадиште во рок од 10 дена

Редакција

Убава вест: Иван на кого му беше трансплантирано срце, си оди дома

Редакција

Разрешен в.д. директорот на Конзерваторскиот центар, Костантин Димитровски

Редакција