еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските државјани ќе бидат евакуирани од Газа по отворање на граничниот премин со Египет

Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката за отворање на граничниот премин Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, со што се овозможува евакуација на странските државјани, вклучително и петте државјани на Македонија.

„Како што претходно информиравме, нашите државјани кои се наоѓаат во Газа веќе се вклучени во списоците за евакуација и истото очекуваме наскоро да се реализира согласно околностите на терен и динамиката на евакуација, имајќи го предвид големиот број странски државјани во Газа кои се дел од оваа операција.

Преку тесна и континуирана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, како и со нашите државјани, Министерството за надворешни работи е непосредно и континуирано активно вклучен, со цел нашите државјани да бидат безбедно и навремено евакуирани,“ информираат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брачен пар и татко со две деца од Македонија заглавени во Газа

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И денеска продолжува потрагата по момчето кое со автомобил падна во Вардар кај Желино

Редакција

Советникот на Заев, Љубе Бошкоски имал над 100 состаноци со потенцијални инвеститори, ама не донел ни 1 инвестиција

Редакција

ЕЛЕМ купува теренско возило за 1,5 милиони денари

Редакција