еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

И денеска продолжува потрагата по момчето кое со автомобил падна во Вардар кај Желино

И денеска продолжува потрагата по возачот од возило кое излета во реката Вардар на 27 септември, во близина на Желино.

„Од 9 часот на терен се 50 припадници од АРМ Тетово кои и денеска ќе вршат копнено пребарување. Од полициска станица Желино на терен се 8 лица, од Полициска станица Јегуновце исто така на терен се 8 лица, Полициска станица Тетово се со 4 лица.

Се очекуваат да пристагнат и нуркачи од Охрид, но дополнително и Специалната единица CAE-Тигри ќе пристигнат со нуркачи.8 лица од ДЗС Тетово и 8 лица од ДЗС Куманово ќе вршат копнено пребарување, исто така 4 лица од ДЗС ќе вршат копнено пребарување во Езерото Зелениково и 2 нуркачи од ДЗС ќе вршат пребарување во вода.

Екипа од 6 пожарникари ќе вршат копнено пребарување покрај реката. Екипа од ЕЛС Желино ќе помагаат во потрагата со 20 припадници,“ информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтрофејниот македонски автомобилист Иџе обвинува дека е заборавен од Агенцијата за млади и спорт

Редакција

(Вознемирувачко фото) Претажно: Во скопско Соње обесенa верверичкa, бидејќи ги јадела оревите

Редакција

Интерконекторот за природен гас меѓу Грција и Бугарија ќе донесе слобода од руската енергетска зависност, вели Фон дер Лајен

Редакција