еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бугарската такса за рускиот гас ќе ја зголеми цената на струјата и парното за 20%

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека бугарската такса за рускиот гас ќе предизвика зголемување на цената на струјата и парното кај нас за 20 проценти.

„Затоа побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски, и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса.

Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство, за ова да може да биде направено.

Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас, што не е исклучиво во сопственост на „Гаспром“, и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа,“ одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Тој го повтори ставот на Владата дека оваа такса е неправедно наметната, и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија ќе бара отштета од Бугарија и поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не Ви го честитамe 8. Март: Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог

Редакција

Мон Блан е за 2,22 метри понизок од пред две години

Редакција

УЈП ги повикува граѓаните навремено да ги проверат годишните даночни пријави

Редакција