еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП ги повикува граѓаните навремено да ги проверат годишните даночни пријави

Годишните даночни пријави за 2020 година може да се проверат преку кориснички профил на „е-Персонален данок“.

Потврда или корекција на истите се врши најдоцна до 31.05.2021 година, соопшти УЈП.

„На 01.06.2021 година годишните даночни пријава ќе добијат статус на конечни. Ако пријавите не се ниту потврдени ниту коригирани истите ќе бидат потврдени службено.

Коригираните годишни даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на годишната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.

Граѓаните кои сѐ уште немаат свои кориснички профили на „е-Персонален данок“ апелираме да се регистрираат и да ги користат придобивките кои ги нуди овој систем“, информираат од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во февруари

Редакција

„Симболико“ го доби тендерот на МВР за оператор на кол-центар за лични документи „тежок“ 460.000 евра

Редакција

Тече испораката на мазут во ТЕЦ Неготино, производството ќе почне следната недела

Редакција