Во пожарот што утринава избувна во Инспекторатот за животна средина направена е штета во просторијата каде се чува архивата, но оттаму потврдуваат дека за сите документи имаат и електронска евиденција.
Во изјава за МИА, од Инспекторатот посочија дека е оштетена просторијата со архива со оглед на тоа што пожарот избувнал во соседната просторија.
Оттаму информираат дека е причинета и друга материјална штета, меѓутоа не можат да кажат што конкретно е уништено, бидејќи тоа ќе биде познато откако ќе заврши увидот.
Во тек е истрага на полицијата и надлежните институции, а се сослушуваат и вработените во Инспекторатот, како и останатите кои во моментот на пожарот се затекнале во зградата.
Пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка каде се сместени повеќе државни институции, како и МИА, избувна утринава околу 06:50 часот, а беше изгнаснат во 08:50 часот.
Интервенираа 24 пожарникари со девет возила.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+Фото) Пожар во зградата на Секретаријатот за европски прашања и МИА
МИА/Фото: МИА