еМагазин
Image default
Бизнис

Од полноќ бензините поевтини за еден денар, а дизелот за денар и пол

Бензините од полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари за литар.

Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе чинат 49 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,407 ден/кг со што сега ќе се продава по цена од 24,549 ден/кг..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во УЈП ќе има префрлање на вработени од други институции, но и целосно нови вработувања

Редакција

Современ дом лани со зголемена добивка

Редакција

Едиција „200 најголеми и најуспешни“: КАМ маркет на прво место во малопродажниот сектор

Редакција