еМагазин
Image default
Македонија

Што велат од Владата за уцените од Бугарија во однос на македонскиот јазик

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија создава правна рамка и нуди инструменти за менаџирање на билатералните прашања и ние сме посветени на неговата имплементација, изјавија за МИА од Владата во врска со меморандумот што Софија го достави до земјите членки на ЕУ.

– Со Република Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство, велат од Владата.

Македонската Влада нагласува дека правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности и цивилизациски придобивки и дека посебноста на македонскиот јазик и македонски етнички идентитет се неспорен факт.

– Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонија во Обединетите нации и дел од многуте прифатени и признати модерни јазици кои се изучуваат на универзитети во целиот свет. Во 21-от век во Европа, прифаќањето на минатото, но и на сегашноста се одраз на одговорна и зрела политика и вистинско пријателство, смета Владата.

Според Владата, тврдењата и изјавите кои содржат навреди не водат кон пријателство.

– Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за пријателство, добрососедство и соработка е одраз на взаемното почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни, велат од Владата за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоргиев: Негувањето на сопствениот јазик и култура не може да бидат закана за европските вредности и не е антибугарски чин

Бугарија ќе ги блокира преговорите со ЕУ ако нема напредок за историските прашања, порача Каракачанов

Што велат бугарските дипломати за најавените услови и уцени за македонскиот јазик во преговорите со ЕУ

Бугарите со се повисоки „ниски удари“: Македонски јазик не постоел до втори август 1944 година

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Глоба од 20 до 2.000 евра за граѓаните и фирмите кои нема да ги почитуваат правилата за лична заштита

Редакција

350 нови случаи на Ковид-19 од 2.291 тестирања, во Скопје 180

Редакција

Приведен криминалец баран од германската полиција и Интерпол, пронајдени и две малолетнички

Редакција