еМагазин
Image default
Македонија

По зголемениот број на заразени од Ковид-19 заседаваше Општинскиот совет за превенција на Струмица

Доследно почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и засилени контроли од страна на инспекциите и полицијата за да се превенира ширењето на вирусот Ковид-19, е заклучокот од денешниот состанок на Општинскиот совет за превенција, на кој присуствуваа и сопственици на угостелски објекти од Струмица.

Зголемениот број на заразени од Ковид-19 во Струмица, во кој најголем дел се млади на возраст од 15 до 30 години, го вклучил алармот и затоа е потребно угостителските објекти дослeдно да ги почитуваат протоколите за работа.

-Побаравме доследно почитување на протоколите пропишани од Владата и Комисијата за заразни болести. Фактот дека возрасната структура на заразени пациенти во последниот период е меѓу 15 и 30 години, зборува дека таа е една најмобилна категорија на наши сограѓани, кои најчесто се присутни во угостителските објекти и ризикот за доаѓање во контакт со вирусот е поголем и затоа инсистираме на поголемо придржување кон пропишаните мерки, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Тој смета дека тоа што еден подолг период во Струмица имаше мал број на заразени дала една комоција во однесувањето на граѓаните и непочитување на протоколите, како во угостителските објекти, но и на други места и заради тоа е зголемен бројот на заразени.

-Заклучивме дека овие објекти, како места каде има поголема концентрација на поголем број граѓани, мора да бидат многу повниматални во нивното однесување. Да не се дозволува помасовно собирање и да се држи дистанца и да ги почитуваат протоколите и да се даде до знаење дека има многу и превентивни, но и репресевни инструменти кои што инситуциите ги имаат на располагање, додаде Јаневски.

Според полицијата во изминатиот период голем дел од угостителските објекти не ги почитувале прописите.

-На угостителите им беше укажано, но и ги потсетивме да ги почитуваат протоколите. Им беше укажано дека од страна на МВР ќе се засилат акциските контроли и неселективно ќе бидат преземени мерки според Кривичниот закон независно за категоријата на угостителскиот објект, рече Томе Весев, началник на Одделение за полиција при СВР Струмица.

Според него најголемо непочитување на протоколите е во делот на физичката дистанца во делот на самата просторија и во делот на масите за стоење. Полицијата забележала неправилности и во делот на послужување на гостите кои не седеле на маса.

Угостителите се пожалија на намалениот промет и укажаа на одредени нелогичности во протоколите и побараа неселективен однос од инспекциите и полицијата.

На денешниот состанок присуствуваа и претставници на повеќе државни и општински инспекциски служби, претставници на Јавното обвинителство и Основниот суд во Струмица.

МИА/Фото: Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груби: ДУИ не е за избори, сега размислуваме за храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би застанале зад договорот со Грција

Редакција

Американската амбасадорка Агелер со повик до граѓаните да гласаат

Редакција

Рускиот комичар Кузнецов за Алфа открива како дошле до телефонскиот број на Заев

Редакција