еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Атиџе Муратовска, главната протагонистка на македонскиот докумантарен филм „Медена земја“ што беше номиниран за два оскара, го привлече вниманието на оние што денеска дојдоа да го посетат Фестивалот на мед во Скопје.

Фестивалот се одржува на улица „Македонија“, а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните.

По воведното обраќање на претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билбиловски, кое е и организатор на манифестацијата, Атиџе беше на крај претставена по министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, но изнуди бурен аплауз.

МИА/Фото:МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Редакција

Почнува конкурсот за текстови што ќе бидат дел од проектот „Современи бајки од Македонија“

Редакција

Фондацијата „Saint-Gobain Initiatives“и „Хабитат Македонија“ ќе го реконструираат Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“ во Неготино

Редакција