еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по болниците

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 41 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 150 случаи на Ковид -19 од 1.630 тестирања: Најмногу во Скопје, Струмица и Кочани

Починаа двајца нови пациенти заразени од Ковид-19

Убава вест: Оздравени 126 заразени од Ковид-19, најголем број од Скопје и Куманово

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредените во сообраќајната несреќа во Бугарија, во петок треба да се вратат дома, двајца од нив се оперирани

Редакција

Сметката на „Секјуриком“ ќе биде одмрзната за исплата на платите за јули и август

Редакција

Положани: Пропустите се човечки, веднаш почнав со комплетирање на анкетниот лист за имотната состојба

Редакција