еМагазин
Image default
Локално

Изречени 210 санкции за учесниците во сообраќајот во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, информира МВР.

„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 210 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 11 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 81 прекршок, нерегистрирани и технички неисправни возила 7, 23 санкционирани мотоциклисти, 74 возила подигнати со пајак, а изречени се и 11 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Туризмот – двигател на економскиот развој на Крушево

Редакција

Детали од Обвинителството за сообраќајката во која загинаа двајца млади охриѓани

Редакција

181 санкциониран возач во Скопје: 36 за управување со брзина поголема од дозволената

Редакција