еМагазин
Image default
Македонија

Жаклина Пешевска избрана за претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше своја редовна седница на која беше разгледана актуелната политичка ситуација во Македонија, а на седницата на ИК беа донесени и неколку кадровски одлуки, информираат од партијата.

За претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е избрана Жаклина Пешевска.

„Пешевска е актуелен пратеник во собранието на Република Македонија. Доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. А пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени,“ се вели во соопштението.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфомакс: Груевски во Будимпешта сместен кај пријатели, ќе се врати во Македонија кога ќе се создадат политички услови

Редакција

Измами и фалсификувања при регистрации на возила со помош на вработен во МВР

Редакција

Убава вест: Оздравени 231 болни од Ковид-19

Редакција