еМагазин
Image default
Македонија

Најголемо зголемување на заболени со Ковид-19 кај лицата над 60 години

Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 16 до 22 август, регистрирани се заболени лица од Ковид-19 во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1451, 21,4%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=125; 1,8%).

Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група над 60 години за 2 пати повеќе во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.199 (47,3%) лица од машки и 3.569 (52,7%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.505 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со 3,7 пати зголемување во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 54 лица повторно се заразиле со Ковид-19

За една недела 134 починати од Ковид-19, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар

Зголемување за 1,6 пати: За една недела 6.768 нови случаи на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Струмица 13 новозаболени од Ковид-19, најмладиот има осум години и двајца починати

Редакција

Заев: Деновиве ќе се знае дали ќе има договор со опозицијата или ќе се оди на избори

Редакција

Апасиев нема да оди на лидерската поради убиството на Вања и Панче

Редакција