еМагазин
Image default
Македонија

Затвореник во штипскиот Затвор заразен со Ковид-19

Прв позитивен случај на Ковид-19 кај осуденик во штипскиот Затвор е регистриран денеска во здравтвениот билтен на Министерството за здравство.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА ја потврдува информацијата и вели дека во изолација се ставени девет осудени лица, еден вработен во Затвор Штип, додека на лекарот, стоматологот и на медицинскиот техничар во затворската амбуланта им е наложено да се тестираат.

„Немаме конкретни информации, како осуденото лице се заразило, претходната недела имавме вработен позитивен на корона вирусот, но може да биде и заразен од друго осудено лице, кое во изминатиот период користел викенд отсуство.

По појавување на првите симптоми веднаш во консултации со затворскиот лекар е изолирано од остантите осудени лица. Во стабилна здравствена сосотојба е спроведен на Инфективно одделение, каде што му извршен преглед и дадена соодветно терапија,“ вели Тодоров.

Во штипскиот Затвор преземени се сите мерки и осудените лица, кои се ставени во изолација се наоѓаат во посебна просторија. Извршена е и дезинфекција на затворот, а заразеното осудено лице било сместено во полуотвореното одделение.

МИА/фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски за спорот со Бугарија: Во овој момент сум реалист и умерен оптимист

Редакција

Иванов: Она што државата им го правела на Македонците во Грција, со договорот сака да им го направи и на Македонците во Македонија

Редакција

Едно починато лице од Ковид-19 во последните три дена, дополнително пријавени уште двајца

Редакција