еМагазин
Image default
Македонија

Пациент позитивен на Ковид 19 се маскирал во доктор и избегал од болница, полицијата го вратила

Пациент позитивен на Ковид 19 се маскирал во доктор и избегал од болница. Инцидентот се случил синоќа во болницата „8ми септември“ во Скопје, кога дежурниот персонал забележал дека лицето кое веќе една недела се лекувало, не е во својот кревет, јавува телевизија Сител.

Станува збор за бездомник од Куманово.

По пријава од дежурниот персонал, интервенирала и полицијата. Пациентот бил пронајден 5 часа подоцна во близина на болницата.

Пациентот е вратен во болница и е во добра здравствена сосотојба. Откако ќе му заврши лекувањето треба да го превземат социјалните служби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предложив да пишува „РС Македонија“, вели Силјановска Давкова за венецот без името на државата кој го положи на гробот на Св. Кирил

Редакција

За само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани се регистрирале за вакцинација

Редакција

Во Ерџелија приведени неколку лица осомничени за изборен поткуп

Редакција