еМагазин
Image default
Македонија

Професорка од гимназијата во Македонска Каменица позитивна на Ковид-19

Регистриран е првиот позитивен случај на Ковид-19 кај просветен работник во Македонска Каменица. Лицето е вработено во гимназијата „Миле Јаневски – Џингар“ од каде информираат дека станува збор за професорка кој доаѓа од соседната општина Делчево.

„Последниот контакт со колегите, вработената го имала минатата среда при одржување на редовни состаноци и координации поврзани со почетокот на новата учебна година. Од страна на училиштето се почитувани сите мерки и протоколи за заштита од Ковид 19. Редовно се користени средства за дезинфекција и заштитни медицински маски при престојот во училиштето“, велат од гимназијата.

Според информациите од епидимиолошката служба при Здравниот дом “Гоце Делчев” во Делчево, станува збор за асимптоматски случај на Ковид 19.

„Сите лица со остварен контакт во изминатите денови се изолирани и ги следат препораките на надлежните здравствени власти“, информираа лекарите.

Во Делчево и Македонска Каменица бројот на вкупни случаи од почетокот на пандемијата е 175 лица од кои активни во моментот се 85 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска комисија иницира постапка за експретседателот на Кривичен суд Панчевски за вработување на неговиот внук

Редакција

И официјално: ДУИ не е за предвремени избори, бара да се прифати Преспанскиот договор

Редакција

Мијалков на повтореното судење за „Трезор” се изјасни за невин

Редакција