еМагазин
Image default
Македонија

Двомесечно бебе од Битола позитивно на Ковид-19

Двомесечно бебе од Битола е позитивно на Ковид-19, а се заразило од бабата која живее во друг град, јавува телевизија „Телма“.

Бебето е со лесна клиничка слика и е под надзор на матичниот педијатар, информираат од Министерство за здравство.

Исто така, позитивна на вирусот е и мајката на бебето. Ова досега е најмладиот пациент во Битола заболен од Ковид-19. Во август, позитивно беше и тримесечно бебе, а во моментот болеста е во тек и кај тригодишно дете.

Во Битола од почетокот на пандемијата до денес 388 лица се заразиле од вирусот, а болеста е во тек кај 105 битолчани. Починале 13 лица.

Иако Битола е еден од градовите каде нема високи бројки на заболени, сепак во последната недела има пораст, а вчера е регистриран дневниот рекорд од 12 позитивни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 24 часа 395 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Дури 60 отсто од 98 институции го прекршиле законот за слободен пристап до информации

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Редакција