еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 9 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 9 болни, а во Куманово 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти, во Прилеп 6, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 4 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 6 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тортевски се огласи за случајот Богоевски: „Пајо оставка веднаш, а другото во ОЈО“

Редакција

Детали од МВР за апсењето на синовите на Дилавер Бојку – Леку

Редакција

По средбата со Захариева, нема решенија за изолација за Димитров и Османи

Редакција