еМагазин
Image default
Македонија

Османи тврди дека Бугарија не барала нов договор со уставни измени

Нема нов догоговор со Бугарија, туку зајакнување на меѓусебната комунијација на сите нивоа, вели на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи за тврдењата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека на средбата со неговата колешка Екатерина Захариева во Софија добил предлог за нов договор, налик на Преспанскиот, кој ќе подразбира уставни измени и со кој ќе се дефинира постоењето на македонската нација и јазик од 1945 година до денес.

„Околу односите со Бугарија и мојата посета, сакам да истакнам: нема нов Договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа.

Притоа отворено разговараме за сите прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство, ги преземаме сите чекори за да им обезбедиме на Комисиите непречена работа, за што испративме јавна благодарност за нивниот досегашен резултат, како и охрабрување за интензивирање на нивната работа.

Впрочем, Мешовитата експертска комисија веќе утре и задутре ќе одржи средба во Скопје, што ќе претставува уште еден чекор кон исполнување на обврските од договорот„, вели Османи.

Османи истакнува дека посета на Бугарија била позитивна, бидејќи се отвориле сите прашања, се зајакнала меѓусебната комуникација, но најважно, се реафирмирала заедничката желба и заедничкиот интерес за европската перспектива на Република Северна Македонија.

„Тоа јавно го истакнав и јас во Софија, а го потврдија и премиерот Бојко Борисов и министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

На крајот, дозволете да повикам на сериозност и политичка зрелост. Односите со соседите не се регулираат со пласирање секојдневно информации во јавноста, а уште помалку шпекулации или тенденциозни изјави кои имаат за цел да ја вжештат атмосферата.

Европската перспектива е предизвик за целата земја, а не само на Владата, и претставува обврска за секој од нас“, вели Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски прашува дали Захариева барала нов договор со уставни измени, Османи вели дека не коментирал шпекулации

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директор на основно училиште во Општина Теарце ја вработил ќерката, Антикорупциска бара поведување на прекршочна постапка

Редакција

ЗНМ: Новинар и снимател се нападнати со секира, бараме итна реакција од МВР

Редакција

ДУИ била гарант за мирот и европската иднина, велат од таму по изјавата на Мицкоски дека партијата може да ја дестабилизира Македонија

Редакција