еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневна случка: Кај патарината Петровец, возило удрило во дива свиња

Возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички синоќа удрило во дива свиња која претрчала на автопатот Скопје – Велес,  после патарината Петровец.

Како што потврдија од МВР, незгодата се случила во 21:15 минути, а возачот и совозачот не се повредени. Поминале само со гребнатинки, но причинета е материјална штета на возилото.

Според портпаролот Ивица Илиевски, по укажаната медицинска помош возачот и совозачот биле пуштени на домашно лекување.

Поради дивата свиња, сообраќајот доцна синоќа одредено време бил во прекин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Скопје не се гледа од прашина

Редакција

Поради посетата на германскиот претседател посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје

Редакција

Горело „БМВ“, огнот зафатил и „Ауди“ и „Шаран“

Редакција