еМагазин
Image default
Македонија

Стевановиќ за РСЕ: Ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио нема да ни избега

Кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш ќе стигне вербата дека постои Ковид-19, вели директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, доктор Милена Стевановиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

„Веројатно бројката на луѓе кои ќе имаат сериозна потреба од медицинско-болничко лекување ќе стигне до секој еден, кога некој ваш близок ќе дојде да има потреба од болница, од сериозно лекување, кога нивниот живот ќе биде во ризик, тогаш вербата и ќе стигне.

Но, страшно е ако го дозволиме тоа навистина ќе почнеме да ја губиме сериозно битката со ковид, не смееме да дозволиме вакви драстични, лични и емотивни случувања да ни бидат расветлување, разбистрување на свеста и стигање на информацијата, сето тоа може да биде многу полесно,“ вели таа во интервјуто.

Според нејзе, ако продолжиме да се однесуваме вака, црно сценарио од која било категорија нема да ни избега.

„Мораме да се вратиме на однесувањето и на зборувањето за да не се случат овие црни сценарија. А тоа е навистина толку многу пати повторено на сите различни нивоа, во смисла да се допре до сите различни таргет цели за примена на овие препораки и информации,“ вели Стевановиќ.

Црното сценарио според здравствените власти се однесува на преполни болници, кои нема да можат да ги згрижуваат пациентите на кои ќе им биде потреба здравствена грижа поради компликации со Ковид-19, како и заразен и преполовен здравствен кадар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заштитната маска, дистанцата и хигиената на раце се клучни во борбата со ковид-19

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Редакција

МВР: 102 лица приведени поради непочитување на мерката за забрана на движењето

Редакција

Кривична за 26-годишник за фрлање „молотови коктели“ кон полицијата пред Собранието

Редакција