еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Сервали и Скарлет Ибис птици пристигнуваат во Скопје ЗOO

Наскоро во Зоолошка градина Скопје ќе пристигнат сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис, информираат од таму.

Сервалите се африкански предатори од семејството мачки. Сервалот е еден од најголемите претставници од седумте видови на мали мачки, кои го населуваат континентот.

Сервалот претежно живее во Африка, во суб-сахарскиот дел на континентот со исклучок на тропските шуми. Бројот на сервалите за жал започна да се намалува, а како главна причина се наведува човекот. Модерните ДНК-анализи покажуваат дека сервалот има сродна врска со каракалот.

Птиците од видот црвен Скарлет Ибис потекнуваат од егзотичните делови на Јужна Америка и Карибите и се национално обележје на Тринидад и Тобаго. Нивната специфична боја ги прави препознатливи, а во светот имаат статус на заштитен и загрозен вид.

„Овие видови на животни се доста атрактивни за посетителите и мислам дека ќе биде интересно во Скопје да се видат сервали и Скарлет Ибис птици кои се заштитени видови. Секако, нивните живеалишта ќе бидат направени по стандарди и веќе ги подготвуваме за новите жители“, изјави директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.

Фото: ЗОО Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“

Редакција

LIVSANE караванот викендов ги топлеше туристите во Маврово и Охрид

Редакција

(Фото) Моден перформанс #Sustainablestorymk во Астибо фешн груп Штип

Редакција