еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Моден перформанс #Sustainablestorymk во Астибо фешн груп Штип

Во организација на Моден викенд Скопје и Македонско Модно Здружение во Астибо фешн груп- АФГ
во Штип се одржа модниот перформанс наречен #Sustainablestorymk – Наши први експресии.

На капсулните колекции направени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева
Зарезанкова, Натали Наумова, Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева под менторство на дизајнерката Ирина Тошева.

„Дизајнот од нула отпад всушност не е нова технологија или материјал. Тоа е нов начин на размислување – филозофија која те тера да ги оспориш постоечките техники и да станеш покреативен дизајнер. Поставувањето на различни парчиња облека како сложувалка со различни техники придонесува да нема ткаенина која е залудно потрошена а добивате ново уникатно парче кое повторно може да се носи. Освен заштитата на животната средина на овој начин добивме и нови убави форми на модата“, велат организаторите.

Модниот перформанс е дел од проектот „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“.

Во следната фаза учесниците ќе ги менторираат и гостите од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

За шминката на манекенките се погрижи „Gosh“, за фризурите „Clarissa Professional Macedonia“ во соработка со „Студио Диор Штип“ и Зоки Давитков. Дерма бјути партнер на настанот беа „Vichy“.

Креациите на #Sustainablestorymk – Наши први експресии беа надополнети со долната облека од новиот македонски бренд „Fjer“.

Иницијативата започна во септември годинава, со континуирани активности. Завршницата ќе се случи во ноември, 2018 во рамките на Моден викенд Скопје (официјална локација на настанот „Скопје Мериот Хотел“).

Проектот го реализираат Моден викенд Скопје и Македонско Модно Здружение во соработка со Министерството за економија на РМ, со поддршка од Министерството за култура на РМ во рамките на манифестацијата „Нов културен бран 2018“ и Британскиот совет.

Активно учество и поддршка на „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“ дадоа и граѓанската мрежа „АјдеМакедонија!“, Текстилното трговско здружение- Македонија во соработка со фабриките „Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“, „Istkomerc Sanda“, компанијата “Екотип” со еколошките шишиња за вода „Retap“, „СЕДЦ“ како и „Џолев и уметности“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ – Скопје

Редакција

„Алкалоид“ потпиша соработка за практиканство со две средни училишта

Редакција

Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка Скопје

Редакција