еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Царовска: Сите 25 деца од ЈУ „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови

Сите 25 деца од ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ од денеска ќе живеат во мали групни домови.

„Подготвена е нова програма за работа со овие деца, постоечкиот кадар помина низ практична обука, а се обезбедија и нови 18 вработувања. Целосно ги прилагодуваме условите согласно потребите на оние за кои треба да се грижиме, наместо да ги прилагодуваме луѓето на системот. Посветено работиме за обезбедување еднакви можности, хумани и достоинствени услови за раст и развој за децата сместени во институциите. Деинституционализацијата е трајно решение во оваа насока “, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на отворањето на еден од домовите.

Претставник на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс рече дека секогаш ќе има ситуации кога не е можно, не е безбедно, или не е во најдобар интерес на детето да живее со своeто биолошко семејство.

„Грижата во згрижувачко семејство е најдобрата алтернатива на големата институција, но семејното опкружување, исто така, може да се добие во мал групeн дом каде децата го добиваат чувството на припадност, стабилност и поддршка што им е потребно. Да не заборавиме и на возрасните во институциите – тие исто така заслужуваат живот во заедницата. Сите агенции на Обедините нации во земјата се посветени на поддршка на деинституционализацијата за сите деца и возрасни кои живеат во институции да можат да го уживаат своето право на достоинствен живот”, додаде Перкс.


Министерството за труд и социјална политика продолжува со процест на деинституционализација. Големите и нехумани институции за неколку години ќе бидат заменети со грижа во заедницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Да ти е милина да работиш: Како изгледаат новите канцеларии на Вип

Редакција

Дуна го скрати работното време за новите мајки

Редакција

„Ако имаш донеси, ако немаш понеси“: Хуманитарна акција на пилјара од Гевгелија

Редакција