еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) Отворена нова книжарница на „Литература.мк“ на Широк Сокак во Битола

На најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак, официјално беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“.

Почетокот на новата приказна на „Литература.мк“ во градот на конзулите беше одбележан со коктел-забава и концерт на познатата битолска група „Фолтин“. Уште во првите неколку часови, неколку стотици битолчани, од сите генерации ја посетија книжарницата, којашто е со модерен, артистички уреден ентериер.

„Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови и во Битола. Со ова, Широк Сокак конечно доби книжарница по светски терк. Сместена во срцето на Битола, книжарницата „Литература.мк“ ќе пулсира во ист ритам со културниот живот на градот.

– Приказната на „Литература.мк“ почна пред десетина години со интернет-продавницата www.literatura.mk. Подоцна ја отворивме првата физичка продавница – веќе добро познатата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, каде што сите вљубеници во книгата можат да дојдат и лично да одберат од широкиот спектар на изданија. Нашите пријатели од Битола често прашуваа: „кога ќе отворите книжарница и во Битола?“ Рековме: кога ќе најдеме соодветен простор на Широк Сокак.

Така, ова е четвртата физичка книжарница на „Литература.мк“, прва надвор од Скопје. Се надеваме дека во книжарницата „Литература.мк“ битолчани конечно ќе го најдат своето литературно катче, каде што ќе изберат книга по свој вкус. Веруваме дека нашата книжарница ќе биде сврталиште на сите љубители на пишаниот збор, изјави Дарко Фиданоски, еден од сопствениците на книжарницата „Литература.мк“.

На полиците на книжарницата може да се најдат познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Понуден е голем избор од белетристиката, стручната литература, книжевност за деца, учебници и едукативни материјали.

Како веќе препознатливо место за страсните љубители на книгата, вљубеници во пишаниот збор и талкачи низ бескрајниот литературен простор, „Литература.мк“ во Битола ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели.

Ова е петти специјализиран продажен сервис на „Литература.мк“, по интернет-продавницата www.literatura.mk и по книжарниците на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“ и ТЦ „Рамстор“ во Скопје.

Продажниот простор на „Литература.мк“ сместен на Широк Сокак 40, во Битола, ќе работи од 9 до 21 часот, од понеделник до сабота.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот, а наш, Гого Славески е новата Адора Атлета                     

Редакција

(Фото) Татјана Јанушева го краси престижниот американски моден магазин Pump, со фотографии од Санторини

Редакција

Медика Вера нуди бесплатни основни прегледи за лица без документи или без пари

Редакција