Еден ученик од ООУ „Блаже Конески“ во Велес, е заразен со Ковид-19, а во самоизолација се 16 негови другарчиња и наставничката.
Во останатите училишта и шесте клонови на ЈУ Детска градинка „Димче Мирчев“ нема заразени деца, но 22 во самоизолација.
Во моментов во велешките училишта има 20 ученици во самоизолација и две деца од градинка, информира денеска на прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Од тие 20 ученици во самоизолација, освен 16 од ООУ „Блаже Конески“, се и уште четири ученици од ООУ „Св Кирил и Методиј“.
Меѓу наставниот кадар во велешките училишта и градинката нема заразени, но затоа има заразено едно техничко лице во ООУ „Панко Брашнаров“. Поради тоа во изолација се и двајца наставници од ООУ „Панко Брашнаров“ и по еден во ООУ„Блаже Конески“, гимназијата „Кочо Рацин“ и во ССОУ „Коле Неделковски“. Во самоизолација е и еден директор.
МИА/Фото: Општина Велес
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес и велешко е аларманта