еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Градоначалникот Димитриевски ќе му го врати орденот на бугарскиот министер Каракачанов

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на својот Фејсбук профил информираше дека ќе му го врати орденот на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, кој го добил од него во 2018 година, а ќе му прати и протесно писмо.

„Орденот што го добив “100 годишната од Првата светска војна” во 2018 година од страна на министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов ќе му го вратам назад заедно со протестно писмо поради изјавите кои не водат кон добри меѓусоседски односи.

Овој орден ми го врачија по повод заедничкото чествување на 22.10.2017 година на битката на Страцин каде во октомври 1944 година партизанските единици од НОБ, кумановската дивизија и бугарската армија водат борби со германските војски кои ја штитеа одстапницата на германската Е Армија во овој дел на Македонија, датум и жртви вредни за заедничко чествување и почит.

Ако разговараме за помирување и смирување на односите, заедничко чествување на настани кои не обединуваат како народи недозволиво е во 21 век да има претставници во Влада на земја членка на ЕУ со изјави кои се со заканувачки и омаловажувачки карактер по националниот идентитет на соседите.

Нема да дозволиме да се поминат црвените национални граници, особено кога тука, по однос на ова прашање имаме национален консензус и поддршка од сите етнички заедници. Никој нема право да го оспорува нашиот идентитет и наместо да се гледаме во историјата, потребно е да се насочиме кон иднината.

Оваа Влада покажа дека води политика на меѓусоседски односи кои промовираат европска политика, напредни сфаќања и просперитет. Сигурен сум дека премиерот знае како да се справи со секоја ситуација, досега покажа дека знае да биде трпелив и да покаже дека со вистински решенија доаѓаат вистински одлуки. Не се сомневам дека и во овој случај тоа ќе биде така.

Напоменувам, мојот гест е личен и директно насочен кон популизмот и двојниот пристап на г-дин Каракачанов, ниту во еден момент не е насочен кон граѓаните на Република Бугарија или пак кон нејзините одбранбени сили кои ги сметам за пријателски и братски народ на Македонскиот“, напиша тој.

Фото: Димитриевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исказот на мајката на Вања потврди дека Александар не е инволвиран, вели неговиот адвокат Туфегџиќ

Редакција

Намалување од 42,9%: За една недела 20 смртни случаи од Ковид-19 од 13 градови

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во Тетово, сите хоспитализирани на кислородна поддршка

Редакција