Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска е позитивна на Ковид-19, информираше синоќа таа преку својот Фејсбук профил.
„Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности.
Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг“, пишува Кузеска и апелира за строго почитување на мерките за заштита од коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И вицепремиерот Љупчо Николовски негативен на Ковид-19
Министерот Спасовски позитивен на Ковид-19, имал благи симптоми
Фото: Фејсбук/Кузеска
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.