еМагазин
Image default
Локално

Затворен кафе-барот Интермецо поради гласна музика

Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.

„По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава.

Со оглед на горенаведеното правно лице, за кое веќе му е изречена глоба во износ од 6.000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе барот Интермецо му се изрекува забрана за вршење дејност.

Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа,“ се вели во соопштението на Општина Центар.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена го прободела сопругот, кој се обидел да го повреди нивното дете во кумановско Табановце

Редакција

Тело на маж прегазено од возило пронајдено кај граничниот премин Долно Блаце

Редакција

Тетовчанка вработена во обложувалница си печатилa тикети без пари

Редакција