еМагазин
Image default
Локално

МВР урива рекорди: За еден час над 80 сообраќајни казни во Кавадарци

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Кавадарци, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Кавадарци.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. До сега за околу еден месец откако започнаа засилените сообраќајни контроли изречени се над 16.000 санкции“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Кавадарци да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Кавадарци се изречени над 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и др.“, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Кавадарци ќе бидат презентирани утре.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина во сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП и автомобил во Ченто

Редакција

Откриени 27 килограми марихуана „на пат“ за Грција

Редакција

Ја киднапирал и ја натепал поранешната љубовница

Редакција