еМагазин
Image default
Македонија

Студенти од шестта година по општа медицина помагаат во изработка на анкетните листови на контактите на Ковид позитивните

Министерот за здравство, Венко Филипче ги посети студентите од шеста година по општа медицина кои помагаат во изработка на анкетните листови во Институтот за јавно здравје.

Околу 40 студенти се вклучени во овој проект и тоа покрај Институтот за јавно здравје и во Државниот санитарен инспекторат, така и во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Во наредните недели, согласно потребите, дополнителен број на студенти ќе бидат распределени и во центрите за јавно здравје низ земјава. Сите тие ќе помагаат во изработка и внесување на податоците од анкетните листови на контактите на Ковид позитивните пациети.

„Пронаоѓањето на контактите и нивна изолација е ден од најголемите предизвици со кој непрекинато се соочуваме. И за ова ни е потребна помош. Учеството на студентите е непроценливо голем придонес сега и во периодот кој ќе следи.

Од друга страна, овие работни задачи ќе им понудат на студентите непроценливо искуство во сферата на епидемиологијата и јавното здравје,” вели Филипче.

Упатуваме благодарност и до Телеком кои ни обезбедија телефонски уреди за сите студенти вклучени во проектот, како и на Нептун за донацијата на лаптопи.

Студентите се вклучија во овој проект по средбата на министерот со деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, Соња Топузовска на која беше договорено ангажманот да трае шест месеци, а студентите освен што ќе стекнат искуство, на овој начин ќе ја реализраат и клиничката практика по јавно здравје и ќе им биде признаен стажот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) СДСМ ги повика пратениците активно да се вклучат во дефинирање на нацрт-амандманите

Редакција

Известувачот во ЕП, Ќучук: Да се врати довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија, историјата да се остави на историчарите

Редакција

Владимир Рендевски ќе биде заменик министер за здравство

Редакција