еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) СДСМ ги повика пратениците активно да се вклучат во дефинирање на нацрт-амандманите

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски денеска на прес-конференција во Собранието ги повика сите пратеници во Собранието, особено оние кои не гласаа во првата фаза од уставните измени активно да се вклучат во процесот на дефинирање на нацрт-амандманите.

Целта, како што рече тој е заеднички да се дојде до национално решение, до прифатливо решение кое ќе биде од национален интерес на Македонија и нејзините граѓани.

– Ајде заедно да ги поддржиме процесите за целосна имплементација на Договорот од Преспа и заеднички да дадеме поддршка на сите неопходни реформи, да дадеме поддршка на помирувањето и обединувањето. Приклучете се, историјата ќе не вреднува, обезбедуваме иднината за државата, идните генерации ќе бидат горди на сите нас. Сега е моментот со конкретни примери да допринесеме за суштинско помирување и обединување кое ќе тргне од овде, од Собранието – рече Кирацовски и додаде дека верува оти поддршката за уставните измени и Договорот од Преспа ќе расте и дека сите пратеници ќе се приклучат на процесот што обезбедува европска иднина.

-Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по сопствен избор реши да остане изолирано. Но пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги надминат поразените политики на Мицкоски и да дадат шанса на процесите – рече Кирацовски.

Фото и видео: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката во заминување, Стефоска: Никој не ме праша за конкретните причини зошто треба да заминам и што е сработено

Редакција

Убава вест: Оздравеа уште 18 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 1682

Редакција

Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово во 4. фаза, Штип, Ресен и Куманово во трета

Редакција