еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово во 4. фаза, Штип, Ресен и Куманово во трета

Според последните податоци на Министерството за здравство, заклучно вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 5.196 случаи на заразени со корона вирусот.

Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово се во четврта фаза, а Штип, Ресен и Куманово во трета, стои во анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со податоци до 20. јуни, која еМагазин редовно ја пренесува.

„Проценката на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека: Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), Штип, Ресен и Куманово се во фаза 3 (локализирана трансмисија).

Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи)„, стои во анализата на ИЈЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Кардиоваскуларна и белодробна болест, дијабет: Најчести претходни заболувања кај заразените со Ковид-19

80,8 од починатите од корона вирусот во Македонија имале претходни заболувања

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Маја Морачанин, која повторно е избрана за претседателка на ДОМ

Редакција

15 вработени од маркетот во Велес, каде што имаше позитивен од корона вирусот, одат во самоизолација

Редакција

Од утре повторно дожд, за викенд пониски температури

Редакција