Два нови случаи на позитивни на Ковид-19 се регистрирани во Детската градинка „Весели Цветови” во Делчево. Според информациите од градинката, станува збор за две негувателки од објект број 1. кој работи во состав на установата.
-Поради двата нови случаи со претходно изготвено решение 10 деца и 5 други вработени ќе бидат во изолација, а притоа овој објект ќе биде затворен седум дена. Што се однеува до дечињата, вкупно 18 деца се опфатени со мерката за самоизолација, информираа од градинката.
Од претходно во „Весели цветови” има уште тројца позитивни на Ковид-19 вирусот, кои, како што додадоа од градинката, се уште не се вратени на работа.
-Станува збор за вработени во Објектот број 2, кои се уште не се вратени на работа, бидејки немаат потврда за негативен тест. Поради контактите со тројцата вработени, имавме и група од 12 деца и уште двајца вработени на кои им помина изолацијата, додадоа од градинката.
Оттаму истакнаа дека во меѓувреме градинката продолжува доследно да ги спроведува мерките за заштита од заразата, преку почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19.
Како дел од тие мерки, извршена е дезинфекција во установата, а во насока на следење на насоките за заштита, продолжуваат и редовните комуникации со санитарниот здравствен инспектор и епидемиологот во Делчево.
МИА