еМагазин
Image default
Македонија

Преглед на состојбата по македонските болници каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 123 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродром руши рекорди, надмина 800 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Вкупно 1.004: Починаа уште 10 лица од Ковид-19

Нови 865 случаи на Ковид-19, во Скопје 397

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Морачанин, актуелната претседателка единствен кандидат за претседател на ДОМ

Редакција

Врховниот суд го потврди разрешувањето на Лидија Неделкова

Редакција

Почнува судењето за нападот врз Пендиков

Редакција