еМагазин
Image default
Македонија

Компании донираа регулатори за боците за кислород на штипското Инфективно одделение

Штипската Клиничка болница ги доби потребните регулатори за боците за медицински кислород.

Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Ален Ѓеорѓијев, регулаторите се добиени денеска од страна на општествено-одговорни компании.

Болницата поради распишаните избори за градоначалник на Општина Штип на 13 декември не може да реализира итни јавни набавки за медицински материјали, лекови и се што е потребно во битката за пандемијата. Во овој случај помогнаа општествени одговорни компании.

Ѓеорѓијев информираше дека Кожното одделение, кое од синоќа почна да ги прима ковид пациенти со полесна клиничка слика, веќе во него се сместени осум и остануваат два слободни кревети.

На Инфективното одделение утрово беа хоспитализирани 52 пациента со потешка клиничка слика од целиот источен регион. Половина од пациентите се со повремена кислородна поддршка. Во изминатото деноноќие не е регистриран починат пациент.

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев вели дека средбата со Биг Мајк била во интерес на државата

Редакција

(ВИДЕО) Јанева однесена во затворот во Шуто оризари со полициско комбе

Редакција

Антикорупциска отвара предмет за тендерот од 1,8 милиони евра, кој го доби донатор на ДУИ

Редакција