еМагазин
Image default
Македонија

Тројца од обвинетите биле во самоизолација: Судењето за „Титаник“ ќе продолжи на 17 ноември

Судењето за случајот „Титаник“ наместо утре ќе продолжи на 17 ноември, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Причина за одложувањето е тоа што тројца од обвинетите се наоѓаат во самоизолација.

Во случајот „Титаник“ освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МВР распиша меѓународна потерница по Сашо Мијалков

Редакција

Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Редакција

Ниеден вакциниран меѓу починатите од Ковид-19 минатата недела, 87,1% невакцинирани меѓу новите случаи

Редакција