Во село Горно Количани полицијата го пронашла патничкото моторно возило „опел инсигнија“, сопственост на рент а кар фирма од Приштина, за кое било добиено известување од Интерпол дека на 30.10.2020 во Лебане, Косово е извршено кривично дело одземање на патничкото моторно возило.
„Преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници на СВР Скопје, Одделот за криминалистичка полиција, ЕБР и ОСОСК. При претрес во село Горно Количани, возилото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот“, соопштија денеска од МВР.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.